Рубрики – Бескрајната слика на нашето време
Нашите рубрики се променливи и отворени. Го следат градскиот живот, без да заборават и на најситните нешта од кои се состои Бескрајната слика на нашето време.
Телефони – магични ковчежиња
Специјално за читателите на Твој Клуб продолжуваме да ги рецензираме најновите мобилни телефони кои одамна веќе престанаа да бидат само средство за комуникација. Станувајќи вистинска потреба на современиот човек кој секогаш и секаде сака да биде поврзан, информиран и во тек со светските случувања, најновите мобилни се канцеларии в џеб, светови на дланка, магични ковчежиња за илјадници потребности.
Гости на Твој Клуб – Отворени иднини
Продолжуваме да каниме гости на ексклузивни разговори. Бараме актуелни, докажани, успешни или личности кои тукушто ја подотвориле иднината на свој, бележит начин. Нашите избрани гости доаѓаат буквално од секаде, и како простор и како сфера на интерес.
Нова технологија
На овие страници ревносно ја следиме најновата технологија.
Комуникации
На наш препознатлив начин ги претставуваме и коментираме комуникациските (и субкомуникациските) можности и предизвици на 21 век.
Наша тема, На наш начин... – Т точки на гледање
Рубриките „Наша тема“ или „На наш начин“ се точно определени и најчесто редакциски зададени Т точки на гледање, различни и специјално обмислени за секој одделен број на Твој Клуб.
Наши луѓе – Скриени во секојдневието
Не ги забораваме ниту навидум обичните, наши луѓе со несекојдневни способности, таленти, преокупации... Скриени во секојдневието, тие ја поседуваат чудесната моќ за една поисполнета стварност.
Од некаде... на Земјината топка
Одиме на помалку или повеќе познати дестинации, ги гледаме и доживуваме од личен агол преку ексклузивните репортажи со збор и слика од „некаде...“ на Земјината топка.
Лупа, книги, театар, филм, модни ракописи, спорт
Необичните настани и случувања од подалечните географии ги доловуваме во рубриката „Лупа“. Заедно со книгите, театарот, филмот, толкувањето на модните ракописи на нашево и на минатите времиња, спортот... нештата ги правиме повидливи и тоа на наш Т - начин!
T пријателства – Т поддршка
Оваа рубрика е второ име за Т поддршката во развојот на различни сегменти од јавен интерес.
Фондацијата T-Mobile за Македонија
Одбележуваме активности на Фондацијата T-Mobile за Македонија, реализирани заедно со Вас, хуманите граѓани.
t-zones
Преглед на најновите t-zones содржини за Вашиот мобилен телефон, за многу забавни и интересни моменти
Награден крстозбор
Мислиме и на забава со можност за добивање вредна награда – мобилен телефон.
Каталог на подароци – најголемата програма за лојалност досега!
Одберете подарок за себе или за вашите најблиски од проширениот Каталог на подароци на Твој Клуб!
Кој стои зад Твој Клуб
Одговорен сектор: Маркетинг; Извршен директор на Секторот за комуникација на пазарни информации: Тодор Димитровски, Одговорен уредник: Даниела Анѓелиќ. (Менаџер за Маркетинг операции).
Редакција: Оливера Ќорвезироска (уредник), Рашела Гинова, Јордан Гиров, Марија Дејанова.
Надворешни соработници: Роберт Смилески (Некаде...), Игор Анѓелков (филм), Наум Котевски (спорт), Снежана Јаначковска-Богдановска (мода), Калина Зографска (комуникации), Зоран Цоцовски (нова технологија), Тони Рајковски (крстозбор).
Контакт:
Адреса: „Орце Николов“ бб Скопје; тел.: 02/3201 446; E-адреса: spisanie@telekom.mk
|