Македонски Телеком ви ја нуди услугата плати онлајн со која преку веб страницата
www.telekom.mk се овозможува електронско дополнување припејд кредит и плаќање сметки со платежни картички.
Ваквиот начин на плаќање кој е безбеден и достапен 24/7, ви ги редуцира трошоците, заштедувајќи ви време.
Електронското плаќање сметки е овозможено преку Стопанска Банка АД Скопје, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот, а електронското дополнување е овозможено со истите картички издадени само во Македонија. Исто така, може да се плаќа сметка и да се дополнува припејд сметка и со платежни картички издадени од домашни банки во Македонија кои се користат за електронски плаќања: ТТК Банка, Централна Кооперативна Банка (Силекс Банка), Статер Банка, Стопанска Банка А.Д. Битола и Зираат Банка. Плаќањето се извршува по електронски пат,
во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна
на претплатниците гарантира Банката. Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од
приоритетните задачи на Македонски Телеком.
Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци
кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.
При вашата посета на веб страницата не вршиме прибирање на лични податоци, освен за оние информации за коишто
тие се задолжителни или, пак, доброволно ги давате. Личните податоци собрани за време на вашата посета на веб
страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата
картичка или со вашата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Македонски Телеком ниту ги собира,
ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка. Повеќе за користењето на
вашите податоците од страна на Македонски Телеком, прочитајте во документот „Политика за приватност“.
Услугата е-дополнување
се реализира во четири чекори.
Чекор 1 Трансакцијата
започнува на веб страницата на Македонски Телеком каде што се внесува:
- припејд бројот за дополнување кредит и
- се бира вредноста на ваучерот.
Име на ваучер
|
Износ на денари без ДДВ
|
Износ на денари со ДДВ
|
Ваучер 100
|
84,75
|
100
|
Ваучер 150
|
127,12
|
150
|
Ваучер 200
|
169,49
|
200
|
Ваучер 250
|
211,86
|
250
|
Ваучер 300
|
254,24
|
300
|
Ваучер 590
|
500
|
590
|
Ваучер 900
|
763
|
900
|
За да добиете потврда на уплатата, задолжително е да ја оставите својата
е-адреса. По ваша желба, доколку сакате да добиете SMS известување за успешноста на трансакцијата,
можете да го оставите и својот мобилен телефонски број. По кликнување на копчето „Потврди“, пристапувате кон извршување на плаќањето.
Чекор 2 Во Чекор 2 сте пренасочени на страницата oвозможена од Стопанска Банка каде
што ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, од левата страна ги оставате Вашите лични податоци и податоците за платежната картичка:
- Име и презиме (како корисник на платежната картичка),
- Тип на картичка: VISA, MasterCard или домашна картичка,
- Бројот на картичката,
- Последните 3 цифри од задната страна на картичката, односно CVV2/CVV кодот потребен
за верификација и
- Датумот на истекување на платежната картичка.
Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска Банка, Македонски Телеком нема увид во податоците што ги внесувате.
Десно на оваа страница се проследени внесените податоци од Чекор 1:
- Избраниот телефонски број за дополнување припејд кредит,
- Вредноста на ваучерот,
- Вашата е-адреса и
- Вашиот мобилен телефонски број доколку сте го оставиле за добивање SMS известување за успешноста на трансакцијата.
Чекор 3
На оваа страница имате можност да ги потврдите внесените податоци и да продолжите понатаму,
или да се откажете од дополнувањето кредит. Сè уште се наоѓате на страницата на Стопанска Банка.
Чекор 4 По извршувањето на плаќањето, повторно сте пренасочени на
веб страницата на Македонски Телеком, каде што Ве информираме за успешноста на трансакцијата.
На Вашата е-адреса ќе добиете потврда за трансакцијата, а на Вашиот мобилен број доколку сте го
оставиле - информација за успешноста на трансакцијата. Истовремено, и бројот на кој е дополнет
кредитот ќе добие информација по SMS за вредноста на внесениот ваучер и за бројот од кој е извршено дополнувањето.
Услугата плати сметка
претставува електронско плаќање на месечните сметки за постпејд приватните корисници
на Т-Mobile и T-Home и се реализира во четири чекори.
Чекор 1
Трансакцијата започнува на веб страницата на T-Mobile или T-Home каде што се внесува бројот
на сметката и oптичката потврда која е неопходна за да се избегне автоматизирана
злоупотреба на функционалноста.
Веднаш потоа, со притискање на копчето "Верификација" автоматски се прикажува износот
на сметката која преку копчето „Додади во листа“ се внесува во Листата на сметки.
Услугата овозможува едновремено плаќање на повеќе сметки, преку повторување на
истите постапки. Доколку во листата имате повеќе од една сметка, износот во денари
ќе биде сумиран и при понатамошните постапки ќе биде платен од Вашата платежна картичка.
За да добиете потврда за уплатата, задолжително е да ја оставите својата е-адреса.
По ваша желба, доколку сакате да добиете SMS известување за успешноста на трансакцијата,
можете да го оставите и својот мобилен телефонски број. По притискање на копчето
"Потврди", пристапувате кон извршување на плаќањето.
Чекор 2
Во Чекор 2 сте пренасочени на страницата овозможена од Стопанска Банка, каде што
ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, од левата страна ги оставате Вашите лични
податоци и податоците за платежната картичка:
- Име и презиме (како корисник на платежната картичка),
- Тип на картичка: VISA, MasterCard или домашна картичка,
- Бројот на картичката,
- Последните 3 цифри од задната страна на картичката, односно CVV2/CVV кодот потребен
за верификација и
- Датумот на истекување на платежната картичка.
Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска Банка, Т-Mobile нема увид
во податоците што ги внесувате.
Десно на оваа страница се проследени внесените податоци од Чекор 1:
- Бројот на сметката за плаќање,
- Износот за плаќање во денари,
- Вашата е-адреса и
- Вашиот мобилен телефонски број доколку сте го оставиле за добивање SMS известување
за успешноста на трансакцијата.
Чекор 3 На оваа страница имате можност да ги потврдите
внесените податоци и да продолжите понатаму, или да се откажете од електронското
плаќање сметки. Сe уште се наоѓате на страницата на Стопанска Банка.
Чекор 4 По извршувањето на плаќањето, повторно сте пренасочени на веб
страницата на Т-Mobile, каде што Ве информираме за успешноста на трансакцијата.
На Вашата е-адреса ќе добиете потврда за трансакцијата, а на Вашиот мобилен број,
доколку сте го оставиле - информација за успешноста на трансакцијата.