Префрлање припејд во постпејд број
Задржи го припејд бројот и префрли се во постпејд тарифен модел кој најмногу ти одговара!
|
Со услугата Префрлање припејд во постпејд број можеш да станеш T-Mobile постпејд корисник, задржувајќи го својот број заедно со префиксот (070, 071 или 072)
Постапка на префрлање припејд во постпејд број
Доколку сакаш да префрлиш припејд во постпејд број:
- Поднеси Барање за префрлање припејд во постпејд број и Барање за склучување нов постпејд договор во кое било продажно место на T-Mobile;
- Понеси ја својата Лична карта или пасош;
- Идентификувај се со PUK број од SIM картичката и
- Достави ги документите за склучување нов постпејд договор.
Општи услови при префрлање на број
- Можно е само префрлање припејд во постпејд број;
- Барањето за префрлање припејд во постпејд број ќе биде извршено веднаш, доколку со себе ги имаш сите документи.
Ве очекуваме во T-Mobile продавниците каде што во секое време вработените ќе ви помогнат при изборот на понуда која во целост ќе ги исполни сите ваши потреби и барања.
|