Менаџментот и Одборот на директори на T-Mobile Македонија се едногласни во својата заложба T-Mobile Македонија да ги извршува сите деловни активности во согласност со највисоките законски и етички стандарди. Во поткрепа на оваа заложба беше изработена Програмата за корпоративна усогласеност на T-Mobile Македонија.
Програмата за корпоративна усогласеност се применува на сите тела, организации, менаџментот и вработените во T-Mobile Македонија, како и на сите консултанти, агенти, претставници и сите други лица или тела коишто извршуваат работни активности во име на компанијата.
Освен тоа, очекуваме од нашите деловни партнери, добавувачи и корисници да ни помогнат во нашите напори со тоа што ќе постапуваат на сличен етички начин. Како таква, одредени аспекти од Програмата за корпоративна усогласеност на T-Mobile Македонија не се применуваат само на вработените во T-Mobile Македонија, туку и на трети лица со коишто имаме деловна соработка.
Програмата за корпоративна усогласеност на T-Mobile Македонија е креирана на начин што ќе ѝ овозможи на компанијата да ги извршува своите деловни активности со примена на највисокото ниво на знаење, обуки, заложби и со почитување на применливите закони и прописи. Со цел да се изврши тоа потребно е да се спроведат политики и процедури коишто ќе ги третираат областите на потенцијален ризик од неусогласеност, како и да се дефинираат механизми за поднесување извештаи, истражување, следење и коригирање на случаи на сомневање за или фактичка неусогласеност.
Начин на поднесување на приговори и коментари
Приговори и коментари во врска со прашања и прекршување на регулативите можат да се достават на „Кажи ми!“ етичката линија на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија
- Контакт информации за „Кажи ми!“
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија
Адреса: Извршен директор на Областа за усогласеност на ниво на Групација и сметководство
Орце Николов бб; 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3242530
E-mail: tell.me@telekom.mk
Постои можност за поднесување приговори и на “Кажи ми!” порталите на Маѓар Телеком и Дојче Телеком Групациите:
- Маѓар Телеком Групација
Адреса: Директор за усогласеност на ниво на Групација Маѓар Телеком
1013 Budapest, Krisztina krt. 55., Hungary
Телефон: +36 1 458 7780
E-mail: mondd.el@telekom.hu
- Дојче Телеком АД
140 Friedrich-Ebert-Allee, 53113 Бон, Германија
Телефон: +8000 382 4835 (понеделник - петок, 9 - 17 часот GMT+1)
Факс: +8000 382 4329
E-mail: Tell-me@telekom.de
Интернет: www.telekom.com/tell-me и www.telekom.de/tell-me
Би сакале да ви обрнеме внимание дека приговорите до „Кажи ми!“ порталот на Дојче Телеком Групацијата и „Кажи ми!“ порталот на Маѓар Телеком Групацијата можете да ги доставите само без личните податоци за лицето во однос на кое сакате да поднесете приговор. Какво било друго незаконско пренесување на лични податоци може да доведе до граѓански или кривични санкции.
Приговорите и коментарите можат да бидат анонимни.