Студенти

Ние во Македонски Телеком ги поддржуваме младите таленти кои имаат желба да ја започнат својата професионална кариера во нашата компанија. Константно работиме на нашата визија за дигитална иднина и сакаме сите да земат учество уште од првиот ден.

Како студент, Македонски Телеком ви дава можност да учествувате во предизвикувачки проекти на кои професионално и лично ќе растете, ќе соработувате со експерти на полето на технологијата и бизнисот, ќе сорaботувате со колеги од различни земји во рамките на Групацијата ДТ, и ќе придонесте кон дигиталната трансформација.

Твојата кариера

Пракса

Во соработка со универзитетите, во последните 5 години реализиравме над 250 пракси и таа бројка постојано расте. Затоа доколку сакате да стекнете врвно искуство, и да придонесете во нашиот тим со вашиот ентузијазам и талент, следете ги нашите огласи за пракса

Smart Start

Програма за паметен старт на вашата кариера. Програма преку која ќе работите на проекти од клучно значење и вистински ќе го искористите вашиот потенцијал, но и ќе научите многу повеќе од било каде. Направете паметен чекор за старт на вашата кариера со Smart Start

Десктоп верзија