Т-Mobile Македонија како кориснички ориентирана компанија води грижа за своите корисници, а особено за најмладите и се залага за заштита на децата од секаков вид злоупотреба. Со цел да ги заштити своите корисници од содржини (информации и фотографии) со детска порнографија достапна преку интернет или преку други видови услуги обезбедени од Т-Mobile, ви овозможуваме да ги пријавите вакви содржини на електронската адреса: prijavi_dp@telekom.mk
Вашите пријави ќе бидат внимателно разгледани и доколку бидат препознаени како содржини од овој карактер, Т-Mobile ќе го блокира пристапот до нив.