За приватни корисници

T-Mobile Македонија АД

T-Mobile е првиот мобилен оператор во Македонија и лидер на пазарот на мобилната телефонија. Компанијата функционира од септември, 1996 година. Во 2006, се преименуваше во T-Mobile Македонија и стана дел од интернационалното семејство на T-Mobile кое брои повеќе од 120 милиони корисници.

Довербата на повеќе од 1 300 000 корисници, ја потврдува нашата лидерска позиција и нè обврзува да продолжиме кон нашата мисија - да станеме најценета услужна компанија. Горди сме на квалитетот на нашата мрежа, која постојано ја унапредуваме со цел да обезбедиме најквалитетни и лесно достапни услуги. Мрежно покриваме 99,9% од населението и 98,5% од територијата на Република Македонија.

Во нашата земја, T-Mobile е лидер во технолошките иновации. За прв пат во Македонија во 2004 година воведовме GPRS+ и EDGE, со што значително се зголеми брзината на пренос на податоци. Следејќи ја стратегијата за услуги на Т-Mobile ние се стремиме кон спојување на интернетот со мобилната технологија. Во декември, 2007 ги воведовме услугите: “webSMS”; “Web’n’Walk“ и “Push Mail”.

Со нашата широко распространета продажна мрежа од 130 современо уредени и опремени продавници, сме поблиску до нашите корисници и подготвени да ги услужиме на најдобар начин.

Корисниците на T-Mobile можат слободно да комуницираат каде и да се во светот, користејќи роаминг во повеќе од 90 држави.

Како успешна деловна компанија, чувствуваме одговорност кон општеството и инвестираме во најдоброто од Македонија. Преку Фондацијата T-Mobile за Македонија остварени се бројни хуманитарни активности. Се грижиме за заштита на животната средина, со конкретни еко акции, за да ја зачуваме Македонија чиста и сигурна.

Овластени лица за информации од јавен карактер:

Маријана Марушиќ
адреса: Орце Николов бб, 1000 Скопје
e-mail: marijana.marusic@telekom.mk
тел. ++389 2 3242 111

Добрица Арсов
адреса: Орце Николов бб, 1000 Скопје
e-mail: dobrica.arsov@telekom.mk
тел. ++389 2 3242 555

Генерални податоци

Име на компанијата: T-Mobile Македонија, Акционерско друштво за мобилни комуникации, Скопје

Адреса: „Орце Николов бб“, 1000 Скопје
Телефон: + 389 2 3 131 131
Факс: + 389 2 3 201 267
Контакт центар: + 389 70 122
kontakt@t-mobile.mk

Главни директори:

  • Главен извршен директор - Жарко Луковски
  • Главен оперативен директор - Тибор Видош
  • Главен директор за финансии - Славко Пројкоски
  • Главен директор за човечки ресурси - Бранка Павошевиќ
  • Главен директор за маркетинг - Матијас Ханел
  • Главен директор за продажба - Габор Алтман
  • Главен директор за ИТ - Мирослав Јовановиќ
  • Главен директор за техника - Торстен Алберс

 

Членови на Одборот на директори на T-Mobile Македонија:

  • Даниел Сас - Претседател на Одборот и неизвршен член
  • Кристофер Матхајзен - неизвршен член
  • Габор Пал - неизвршен член
  • Клаус Ничке - неизвршен член
  • Јанош Сабо - неизвршен член
  • Небојша Станковиќ - неизвршен член
  • Иванчо Вучевски - неизвршен член
  • Г'зим Острени - неизвршен член
  • Ирена Мишева - неизвршен член
  • Владимир Здравев - независен член
  • Тамаш Вагани - независен член
  • Гинтер Мосал - независен член
  • Жарко Луковски - извршен член / ГИД
  • Тибор Видош - извршен член / ГОД

 

Членови на Борд на директори на Македонски Телеком АД Скопје