Врти слободно

Сакате да знаете кој ве барал додека сте биле недостапни или зафатени со друг повик? И да добивате информација кога пријателите што сте ги побарале ќе го вклучат својот телефон?

Со услугата Врти слободно можете да уживате во повеќе придобивки:

  • Доколку корисникот што го барате е недостапен (го исклучил телефон, се наоѓа надвор од мрежно покривање или пак е зафатен со друг разговор) или зафатен со друг повик, ќе добиете SMS порака кога повторно ќе стане достапен. SMS пораката ќе содржи и информација за времето, датумот и бројот што сте го барале.
  • Доколку вие сте биле недостапни или зафатени со друг повик, ќе добиете SMS порака за да ве извести кој ве барал откако ќе го вклучите вашиот телефон, кога ќе се најавите во мобилната мрежа на Телеком или пак кога ќе завршите со разговорот со кој претходно сте биле зафатени. SMS пораката ќе содржи информација со броевите кои ве барале, бројот на пропуштени повици од нив како и времето и датумот на барање.

Доколку вашите пријатели и блиски активирале Врти слободно и тие ќе добиваат SMS известувања за вашата достапност веднаш штом ќе го вклучите телефонот или пак ќе го завршите разговорот.

Ново! Smart SMS

Бидете секогаш во контакт со пријателите

Во рамки на услугата Врти слободно, воведовме нова опција, Smart SMS, која ви овозможува да останете во контакт со пријателите и кога не сте во можност да одговорите на повик, па го одбивате со сигнал зафатено. Во тој случај, на екранот од вашиот телефон ќе се појават неколку подготвени пораки, а вие треба само да ја одберете онаа која најмногу ви одговара и известувањето ќе биде пратено до тој кој ве бара (пр. порака со известување дека ќе се јавите подоцна, дека сте на состанок и сл.)

Smart SMS ви е на располагање кога комуницирате со сите ваши пријатели, без ралика на која национална мобилна мрежа е нивниот број.

Секоја пратена Smart SMS порака е 3, 54 ден.

Како да активирам Врти слободно и Smart SMS?

  • Преку Визуелниот автомат сo вртење *122# за да пристапите до менито за Телеком услуги, од каде трeба да ја одберете услугата Врти слободно
  • Јавете се на бесплатниот број 141 055 и следете ги гласовните инструкции.
  • Пратете SMS порака на бројот 122 со текст: VS START
  • Во Контакт центарот на 122 или во најблиската Телеком продавница

Корисници информации:

  • Доколку времено не сакате да ја користите услугата Врти слободно, можете да ја деактивирате преку Визуелниот автомат на *122#, Говорниот автомат на 141 055, со праќање SMS порака на 122 со текст VS STOP или пак во најблиската Телеком продавница.
  • Доколку ја деактивирате услугата Врти слободно, автоматски се деактивира и опцијата Smart SMS, а доколку ја деактивирате Smart SMS сеуште ќе може да ја користите услугата Врти слободно.
  • Доколку сте припејд корисник и немате доволно кредит, дополнете ја смеката за да корисите smart SMS.
  • Услугите не се достапни додека сте во странство.


Десктоп верзија