За приватни корисници

Твој Клуб во Доверба

Со Твој Клуб полесно до омилениот телефон

Твој Клуб, најголемата програма за лојалност во Македонија ја создадовме според вашите потреби, затоа што сте ни навистина важни.Само за вас ги споивме Клуб 360 на T-Mobile и Клуб на пријатели на T-Home и ја создадовме Твој Клуб програмата со нови и уште поголеми придобивки за сите корисници.

 

Ново! Можност за доплата со Твој Клуб поени

Сега имате можност многу полесно да дојдете до омилениот телефон или друг уред од понудата на T-Mobile во Доверба, комбинирајќи ги вашите Твој Клуб поени со поволна доплата.

Сè што треба да направите за да ја искористите оваа поволност е да го продолжите вашиот договор за Доверба.

 

Како да ги искористите поените за купување нов мобилен?

Навистина едноставно! Одберете го телефонот што го сакате од понудата за Доверба и искористете ги поените со кои располагате, односно поените кои сакате да ги потрошите, за плаќање на дел од вредноста на телефонот, а остатокот за него - доплатете го.

За купување на вашиот омилен мобилен телефон од понудата на T-Mobile во Доверба може да ги користите поените собрани и од T-Mobile, но и тие од T-Home.

Комбинацијата на поени и доплата може да ја направите при продолжување на вашиот договор за Доверба во која било наша продавница, каде ќе бидете детално информирани за износот кој ќе треба да го доплатите, во зависност од поените кои сакате да ги искористите.

Ве очекуваме во најблиската продавница, каде ќе ви помогнеме да ја направите најдобрата комбинација за побрзо да дојдете до вашиот нов мобилен!

bottom corners

Твој Клуб во Доверба

Сите телефони во Доверба се достапни и со Твој Клуб поени и доплата по твој избор

Одбери телефон од оваа специјална понуда 

bottom corners