|
Добредојдовте во Твој Клуб – најголема програма за лојалност досега!
Со задоволство ве информираме дека започнуваме со заедничка програма за лојалност, со цел да ви овозможиме заедничко користење на поените и поголем избор на подароци.
Што е Твој Клуб?
Добропознатите Клуб 360 на T-Mobile и Клуб на пријатели на T-Home се спојуваат во една заедничка програма – Твој Клуб, овозможувајќи им на своите корисниците уште повеќе поволности и привилегии.
Што значи тоа за вас?
Значи дека ќе имате побогат избор на подароци, за вас и за вашите најблиски.
Поволностите се уште поголеми доколку сте корисник на T-Mobile и T-Home услугите. Сега поените добиени од Т-Home и Т-Mobile можете заеднички да ги користите и да одберете повредни подароци од каталогот на новата Твој Клуб програма.
Запознајте се со Твој Клуб! |