| Не откажувајте се од пишувањето. SMS пораките се забавен и корисен начин да бидете поблиски и да споделите нови информации
Мислите дека знаете сè за SMS? Проверете го своето знаење
Без оглед дали ги користите за размена на информации, нарачка на некои производи и услуги или, пак, за забава, SMS пораките се една од најпопуларните услуги во мобилната комуникација.
Со кратките SMS секогаш ќе бидете достапни за нови информации, подготвени за брзи одлуки и поблиски со луѓето што ве опкружуваат. Со нив понекогаш можете да замените телефонски разговор. Дури и ако претплатникот што го барате е зафатен, не одговара на повикот или, пак, е недостапен, во секое време можете да му пратите SMS.
Истовремено праќање порака на повеќемина
Ако сакате да пратите порака до повеќемина, вести или реклами, кратките SMS можат да бидат одлично решение и за тоа.
Што содржат SMS?
Големината на една SMS порака зависи од видот на писмото што го користите за пишување. Вообичаените SMS пораки напишани со латинични букви (GSM alphabet) содржат 160 знаци, a доколку пишувате со кирилично писмо една SMS содржи приближно 70 знаци. Услугата праќање SMS пораки ја добива секој корисник на T-Mobile, без месечна претплата.
|