Мој клуб

Поени

Поени добивате:

За секој месец како корисник на T-Mobile
За секој месец со нас Ве наградуваме со 50 поени.
Колку подолго сте наш пoстпејд корисник, толку повеќе поени добивате.

Висина на месечната сметка
За секои 500 денари на Вашата месечната сметка добивате 25 поени.
Додека Вие разговарате, Вашето салдо со поени се зголемува.

Навремено плаќање на сметката
За секое навремено плаќање на сметката Ви се доделуваат 90 поени.
Доколку плаќањето се врши со траен налог*, наместо 90 добивате 120 поени

Дополнителни услуги
Дополнителни 36 поени се добиваат и за користење на секоја дополнителна услуга за која се плаќа претплата.

Kритериуми за добивање поени Број на поени
За секој месец како корисник на T-Mobile 50
За секои 500 денари на Вашата сметка 25
Навремено плаќање на сметката (без траен налог) 90
Навремено плаќање на сметката со траен налог 120
Користење на доплнителни услуги со претплата 36

Oние корисници коишто имаат неплатена сметка 2 (два) месеца по рокот, нема да добиваат поени за критериумите што се однесуваат на висината на сметката и за користењето дополнителни услуги.

Временска важност на поените 
Временската важност на поените  се определува врз основа на периодот во кој се добиени:

  • Поените собрани до крајот на 2009 година ќе важат до крајот на 2011 година.
  • Поените добиени во 2010 ќе можат да се искористат до крајот на 2012 година.
  • Поените добиени во 20XX ќе можат да се искористат до крајот на 20XX+2 година.
  • * Поените ќе бидат користени според времето кога биле добиени (првите добиени поени ќе бидат и први за користење).

За вкупниот број поени ќе бидете известени со Вашата месечна сметка.

* Услугата плаќање со траен налог можете да ја активирате со пополнување на формулар во кој било продажен салон нa Т-Mobile или во експозитура на Стопанска Банка АД, Комерцијална Банка АД, НЛБ Тутунска, ПроKредит банка, Уни Банка или Diners Club International.