• Приватни
  • Деловни
  • T-Home

Мој клуб

Поени

Секој постпејд корисник на T-Mobile автоматски станува член на Мој клуб и добива соодветен број поени на својата Мој клуб сметка во согласност со повеќе критериуми. Во зависност од поените, можете да одберете подарок како награда за вашата доверба кон T-Mobile.

Поени се добиваат на следниов начин:

  • За секој месец како корисник на T-Mobile
    За секој месец со нас ве наградуваме со 50 поени.
    Колку подолго сте наш пoстпејд корисник, толку повеќе поени добивате.
  • Висина на месечната сметка
    За секои 1000 денари на вашата месечната сметка добивате 36 поени.
    Додека разговарате, вашето салдо со поени се зголемува.
  • Навремено плаќање на сметката
    За секое навремено плаќање на сметката ви се доделуваат 90 поени.
    Доколку плаќањето се врши со траен налог*, наместо 90, добивате 120 поени.
  • Дополнителни услуги
    Дополнителни 36 поени се добиваат и за користење на секоја дополнителна услуга за која се плаќа претплата.
Kритериуми за добивање поени Број на поени
За секој месец како корисник на T-Mobile
50
За секои 1000 денари на Вашата сметка
36
Навремено плаќање на сметката (без траен налог)
90
Навремено плаќање на сметката со траен налог
120
Користење на доплнителни услуги со претплата
36

Oние корисници коишто имаат неплатена сметка 2 (два) месеца по рокот, нема да добиваат поени за критериумите што се однесуваат на висината на сметката и за користењето дополнителни услуги.

Временска важност на поените

Временската важност на поените  се определува врз основа на периодот во кој се добиени:

Поените добиени во 2010 ќе можат да се искористат до крајот на 2012 година. 
* Поените ќе бидат користени според времето кога биле добиени (првите добиени поени ќе бидат и први за користење).

За вкупниот број поени ќе бидете известени со Вашата месечна сметка.

* Услугата плаќање со траен налог можете да ја активирате со пополнување на формулар во кој било продажен салон нa Т-Mobile или во експозитура на Стопанска Банка АД, Комерцијална Банка АД, НЛБ Тутунска, ПроKредит банка, Уни Банка или Diners Club International.