Мој клуб

Подароци


Погледнете ja најновaта понуда и одберете го подарокот што најмногу ви се допаѓа.

Како да нарачам Мој клуб подарок

За да нарачате подарок, следете ги следниве едноставни чекори:

1. Проверете колку поени имате

За поени од T-Mobile погледнете на последната сметка , со праќање SMS со содржина Mojкlub на бројот 070 142 566, преку порталот Мојот T-Mobile. Припејд корисниците и корисниците кои не добиваат сметка а собираат поени, добиваат месечна SMS информација за поените собрани во текот на месецот, а постпејд корисниците кои не добиваат сметка ќе добијат и серискиот број за нарачка преку Контакт центар.

За поени од T-Home – на последната сметка или на 122

2. Одберете подарок од Каталогот на подароци
3. Нарачајте на еден од следниве начини:
Преку Контакт центарот на 070 122
Преку веб порталот Мојот T-Mobile
Во продавниците на Телеком

Притоа, потребно е да го знаете бројот на вашата фактура (за поени од Т-Home и бројот на Вашата клупска картичка), шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена. Овозможена е и достава до вашата адреса за надомест од само 50 денари.

Напомена: Доколку имате поени и од T-Mobile и од T-Home при нарачка први ќе бидат искористени поените од Т-Mobile, додека при директно подигање на подароците во Телеком продавниците први ќе бидат искористени поените T-Home.


Општи услови

  • T-Mobile корисниците кои на свое име поседуваат поени стекнати на повеќе сметки, можат заеднички да ги користат при нарачка на подароци од Каталогот на подароци на Мој клуб.
  • Поените не можат да се заменат во пари.
  • Ако еден претплатник ја префрли својата линија на компаниската, поените што ги добил како индивидуален претплатник ќе бидат загубени.
  • Ако компаниски претплатник ја префрли линијата на индивидуален претплатник и ако компанискиот претплатник не бил одговорен за плаќање на сметката, тогаш сите добиени поени ќе останат на компаниската сметка. Ако се работи за лице кое било одговорно за плаќање на својата сметка во рамките на компанијата, тогаш сите поени ќе му бидат префрлени нему, на индивидуалната сметка.
  • Предметите во Каталогот можат да се разликуваат во боја или големина.
  • Предметите можат да бидат различни од месец до месец.
  • Предметите од Каталогот можат да се подигнат само со поени.
  • Нарачка можат да направат само активни корисници на T-Mobile.
  • T-Mobile го задржува правото да ги менува правилата во кое било време без претходна најава.

За нарачка, најавете се на Мојот Т-Mobile, посетете ја најблиската T-Mobile продавница или пак јавете се на 122.