За приватни корисници

Плаќање и дополнување сметки преку интернет

  • Плаќање сметки од T-Mobile и Македонски Телеком преку интернет
  • Дополнување припејд сметки преку интернет

Колку пати сте се нашле во ситуација да посакате сите ваши дневни задолженија да можете да ги извршите наеднаш и од едно место?

Што доколку сега тоа е возможно?

За прв пат кај нас, T-Mobile и Македонски Телеком, воведуваат систем за електронско плаќање на месечните сметки за телефон, интернет и телевизија, преку интернет, и преку најраспространетата мрежа на банкомати во државата, во соработка со Стопанска Банка.

Плаќање сметки преку Интернет

Сега постои полесен и побрз начин како да ги платите вашите постпејд сметки од T-Mobile и Македонски Телеком. Сè што ви треба се интернет пристап и платежна картичка!

Посетете го е-бизнис порталот на Т-Mobile (http://www.t-mobile.mk/e-biznis) или порталот на T-Home (https://moj.telekom.mk) и следете ги четирите едноставни чекори за безбедно online плаќање на вашите сметки:

  • Внесете/Изберете го бројот на фактурата која сакате да ја платите
  • Внесете ги податоците за платежната картичка
  • Потврдете го плаќањето
  • Почекајте го известувањето за успешноста на извршеното плаќање.

Дополнување кредит преку Интернет

Веќе не морате да ја напуштате удобноста на вашиот дом за да надополните кредит.

Освен преку Мојот Т-Mobile профил, преку кој можете да дополнувате припејд кредит од вашата постпејд сметка, сега можете да дополните кредит и преку е-бизнис порталот и да платите со платежна картичка.

Повеќе информации околу постапката за плаќање преку интернет и типот на платежните картички со кои може да се изврши плаќањето ќе пронајдете на http://www.t-mobile.mk/e-biznis

 

Трансакциите направени надвор од работното време на платниот промет се релизираат следниот работен ден во Банката, а во компанијата кон која плаќате, најрано 1 работен ден подоцна.

 

Плаќањето сметки преку интернет и банкомат е овозможено само за постпејд сметките на приватните корисници на T-Mobile и Македонски Телеком.

bottom corners