|
За да ги зачувате убавите моменти... да ги споделите со пријателите, најблиските... Сликовните (MMS) пораки се вистински начин за едноставна, а сепак забавна комуникација
Користејќи ја ММS услугатa:
|
|
- Забележете го секој миг со камера;
- Додајте текст или звук, препуштајќи се на својата фантазија;
- Споделете го секој миг со пријателите;
- Праќајте слики, анимации, видео и аудио записи и други интересни нешта.
Со една MMS порака можете да пратите:
- комбинација на слики, текст и звуци до 300 KB.
|
*Квалитетот и големината на пораката зависат од моделот на мобилниот телефон. Три лесни чекори до праќање MMS:
1) Одберете ја опцијата „Нова MMS порака" во менито за пораки од мобилниот телефон;
2) Додајте фотографија снимена со камера, содржина преземена од t-zones или некоја друга фотографија зачувана во вашиот телефон. Можете да додадете и звук, текст или видео снимка. Дури и доколку немате камера, можете да пратите MMS порака преку t-zones услугата директно од интернет;
3) Впишете го бројот на којшто сакате да ја пратите MMS пораката, исто како да праќате SMS порака. Доколку пратите MMS порака на телефон што нема активирана MMS услуга, не грижете се, примателот ќе добие веб адреса на која ќе може да ја види и прочита вашата порака.
MMS порака можете да пратите до сите корисници на мобилните мрежи во Македонија, па дури и кога сте во странство, за да ги споделите миговите од патувањата со вашите блиски.
Активирање на MMS услугата Услугата можете да ја активирате на повеќе начини:
- Јавете се на бесплатниот телефонски број 14 00 26 за брзо и едноставно нагодување на MMS услугата на твојот телефон! Следете ги инструкциите на говорниот автомат и прифатете ги добиените нагодувања.
- Јавете се на бесплатниот телефонски број 122 и појдете во подменито за активирање и деактивирање на услуги;
- Пратете SMS порака на 142 510 со текст: MMS START.
- Јавете се на 122 и поврзете се со оператор кој за кусо време ќе ви ги прати MMS нагодувањата директно на вашиот телефонски број.
За да го комплетирате нагодувањето, пратете една MMS порака од вашиот телефонски број.
*Без оглед на кој начин сакате да ја активирате MMS услугата, доколку системот го препознае вашиот телефонскиот модел, ќе добиете SMS пораки за прифаќање на автоматските нагодувања. Доколку пак за вашиот телефонски модел не постојат автоматски нагодувања, тогаш ќе добиете SMS порака со известување. |