• Приватни
  • Деловни
  • T-Home

Мој клуб – поени во над 250 продажни места!

Добредојдовте во Мој клуб – најголемата програма за лојалност во Македонија која постојано ве наградува! Со Мој клуб собирате и користите поени од T-Mobile и T-Home во над 250 продажни места низ Македонија.

Собраните поени можете да ги комбинирате и користите како што ви одговара:

  • За избор на подарок од нашиот Каталог на подароци,
  • При купување мобилен во Доверба 24 во нашите продавници,
  • Во партнерската мрежа од над 250 продажни места.

Ново! Партнерска програма

Отсега, со секое купување во некоја од продавниците на нашите партнери можете да добивате Мој клуб поени, како и да ги користите веќе собраните поени во партнерската мрежа, или да нарачате подароци, телефони и услуги.

Искористете ја оваа уникатна можност на едноставен и достапен начин – сè што ви треба е вашиот телефон со T-Mobile број во моментот на пазарување во продавниците кај нашите партнери.

Наши партнери се: „Тинекс“, „Космо“, „Нептун“, продавниците на Fashion Group (Okaidi, Bata, Timberland, Hugo Boss, Giovanni Galli, Celio, Fashion&Friends, Women’s Secret, Parfois, Springfield, Mango, Blanco, Bitsiani,Geox и Golden point) и Travel Solution.

Отсега семејството на Мој клуб го проширивме и за припејд корисниците на Т-Mobile кои ќе можат да собираат и користат поени во продажната мрежа на нашите партнери.