Комплетно нов дизајн

iPhone 5 има 4-инчен Retina екран, ултрабрз WiFi, моќен А6 чип, 8-мегапикселска iSight камера со панорама, iOS 6 и iCloud. А сепак е најтенкиот, најлесен iPhone досега.

4-инчен Retina екран

Прошири ги видиците – во твојот inbox, на веб-страниците, на екстра редот апликации – на новиот, поголем екран. Со 326 пиксели по инч, сè изгледа неверојатно.

Ултрабрз WiFi

iPhone 5 се врзува со уште повеќе мрежи низ целиот свет. WiFi е сега побрз, така што можете да сурфате, преземате и
стримувате со светлосна брзина,
каде и да сте.

А6 чип

Економичниот А6 чип има до двапати побрзи CPU перформанси и рендерира графика до двапати побрзо – со уште подобро траење на батеријата.

8МР iSight камера

Напредната оптика, леќата создадена специјално за iPhone и 8-мегапискелскиот сензор снимаат висококвалитетни фотографии, дури и панорами. А можете и да снимате 1080p видео-клипови со подобрена стабилизација.

iOS 6

Најнапредниот мобилен оперативен систем на светот сега има нови мапи, интеграција со Facebook, Passbook и уште многу повеќе.

Ништо друго не е iPhone

Лесен за користење

iPhone е толку лесен и интуитивен што не ти треба прирачник. Само земи еден в раце и почни да го користиш.

Хардвер и софтвер создадени еден за друг

Хардверот и софтверот се развиени од Apple. Така што сè функционира совршено.

Карактеристики што нема да најдете на друго место

iPhone постојано воведува најиновативни карактеристики како Мулти-Допир, Retina екран и FaceTime.

Има апликација за тоа

Со најголемата колекција мобилни апликации на светот во App Store, можностите на iPhone немаат граници.

Неверојатна батерија

iPhone е дизајниран за максимално траење на батеријата. Што значи дека не мора да се ограничуваш за да ја штедиш.

Само iPhone работи со iTunes

Лесно е да пристапите до вашата музика и видеа на вашиот iPhone. Па така, можете да уживате во вашата iTunes содржина каде и да одите..