За приватни корисници

Ново - Интернет во роаминг!

Сега за првпат можеш безгрижно да користиш интернет од странство, со новата и единствена понуда на пазарот за сурфање во роаминг, наречена Travel & Surf.

Со Travel & Surf добиваш навистина евтин интернет во странство, и тоа со можност за одбирање на еден од трите пакети Ѕ, М, L во зависност од твоите потреби.

 

Што e Travel & Surf?

Travel & Surf е нова понуда со која сега можеш да сурфаш безгрижно и додека си во странство. Одбери го интернет пакетот што најмногу ти одговара и сурфај опуштено, по супер евтина цена веќе од 149 ден.

Со Travel & Surf патувај и сурфај безгрижно на твојот мобилен! Прати е-порака додека си на одмор, закачувај слики на Facebook директно од плажа, следи какво ќе биде времето во наредните денови, изгуглај ресторан во близина и следи резултати во живо додека ручаш. Сè што ќе ти притреба за твојот одмор во странство, сега слободно побарај го на интернет, по цена веќе од еден коктел*!

Сè е полесно во странство, кога имаш Travel & Surf!

1.  Пронајди ја најдобрата плажа во градот со само неколку кликања преку Google Maps
2.  Сликни го најубавото зајдисонце, веднаш закачи го на Facebook и за 5 минути таа слика веќе ќе има 50 лајкови од сите твои пријатели и најблиски!
3.  Никогаш нема да бидеш изненаден од облаци, дожд и невреме, ќе знаеш какво време те очекува во секој час, и ќе ги избегнуваш деновите со високо ниво на UV зраци прегледувајќи ги интернет страниците за временска прогноза од твојата лежалка.
4.  Таверна, пицерија, бистро или пивница, пронајди го локалот по твоја мерка едноставно преку Google.
5.  Одењето на одмор не е причина да заборавиш на победите на твојот омилен тим и резултатите од твојата омилена лига. Сега со Travel & Surf закачи се на интернет страниците за спортски резултати и не пропуштај ништо.
6.  Foursquare во странство е многу попопуларен отколку кај нас. Пронајди стотици нови места за чекирање и уште толку нови беџови за освојување и пофали се веднаш на пријателите од дома за сите познати локали што си ги посетил.

 

Travel & Surf пакети и интернет зони

Пронајди ја земјата во која ќе патуваш, види во која интернет зона припаѓа и според таа зона одбери го и интернет пакетот кој што најмногу ќе ти одговара!

Важно! Travel & Surf пакетите важат само доколку сте најавени на мрежата од странските мобилни оператори наведени во табелите.

Пример: Доколку си во Грција, треба да бидеш приклучен на мобилната мрежа на грчкиот оператор Cosmote, за да можеш да користиш еден од Travel & Surf интернет пакетите коишто важат за земјите од Интернет зона 1.

Интернет зона 1

Пакет S (Small) M (Medium) L (Large)
Времетраење на пакетот 3 дена 7 дена 10 дена
Вклучен интернет (upload + download) 10 MB 50 MB 100 MB
Цена на пакетот 149 ден. 349 ден. 649 ден.

 

Држави во Интернет зона 1 Оператори за кои важат Travel & Surf пакетите
Австрија T-Mobile AUT
Бугарија Globul
Чешка T-Mobile Czech Republic
Германија T-Mobile DEU
Грција Cosmote Greece
Унгарија T-Mobile Hungary
Холандија T-Mobile Netherlands BV
Полска ERA GSM Poland
Словачка T-Mobile Slovakia
САД T-Mobile USA

 

Интернет зона 2

Пакет S (Small) M (Medium) L (Large)
Времетраење на пакетот 3 дена 7 дена 10 дена
Вклучен интернет (upload + download) 3 MB 10 MB 20 MB
Цена на пакетот 149 ден. 349 ден. 649 ден.

 

Држави во Интернет зона 2 Оператори за кои важат Travel & Surf пакетите
Албанија AMC
Белгија BASE Belgium
Хрватска T-mobile Croatia
Франција Orange France
Ирска Telefonica O2 Ireland
Италија Telecom Italy
Косово Monaco T-com
Црна Гора T-Mobile Montenegro
Србија Telenor Serbia
Словенија SI.Mobile Slovenia
Шпанија Movistar, Spain
Швајцарија Orange Communications
Швајцаријаа Swisscom Switzerland Ltd.
Турција Turkcell
Велика Британија JV EE Ltd. (поранешно T-Mobile GBR)
Велика Британија Telefonica O2 UK Limited

* Доколку активираш пакет за земјите од Интернет зона 2, истиот сообраќај ќе ти важи и за земјите вклучени во Интернет зона 1.

Интервалот на тарифирање е 10Kb.

За што се можеш да го користиш интернетот од Travel&Surf пакетите

 

Како да активирам Travel & Surf?

  • Со повик или ЅМЅ на бесплатниот број 142 099 од Македонија
  • Со бесплатно користење на Визуелниот автомат на *140# од странство

Со активирање преку бесплатен  повик или ЅМЅ на 142 099 од Македонија

Доколку сакаш бесплатно да го активираш Travel & Surf преку повик или ЅМЅ порака, тоа можеш да го направиш додека сè уште не си ја минал македонската граница или пак, додека сè уште си на еден од нашите аеродроми. Активирањето преку ЅМЅ или повик додека си во странство се наплаќа по регуларна цена.
При активирање со повик треба да го следиш Говорниот автомат, додека со ЅМЅ активирање во пораката треба да ја напишеш земјата каде што патуваш и пакетот што сакаш да го користиш.

Пример:

SMS активирање - Ако патуваш во Грција и сакаш да го активираш М (medium) пакетот кој што вклучува 50 МВ со рок за користење од 7 дена, во пораката треба да впишеш Grcija М. Активирање со повик- ако сакаш да активираш со повик, следи го Говорниот автомат и одбери ја прво интернет зоната во која спаѓа земјата во која патуваш (Интернет зона 1 или Интернет зона 2) и потоа пакетот што сакаш да го користиш (S, M, L).

Бесплатно активирање од странство на *140#

Во случај да си веќе во странство, можеш и оттаму бесплатно да го активираш Travel & Surf, преку – новиот и иновативен канал - Визуелен автомат. Сè што треба да направиш е да завртиш *140# и да ја одбереш интернет зоната и пакетот што сакаш да го користиш, преку впишување и повикување на редниот број пред твојот избор. Активирањето преку овој канал е бесплатно, како од Македонија, така и од странство.

За полесно снаоѓање низ менито на Визуелниот автомат, можеш директно да активираш со вртење на:

Брзо и бесплатно активирање преку Визуелен автомат Интернет зона 1 Интернет зона 2
Travel&Surf S *140*1*1# *140*2*1#
Travel&Surf M *140*1*2# *140*2*2#
Travel&Surf L *140*1*3# *140*2*3#
За проверка на искористениот сообраќај од интернет пакетот *140*3#

 

Важна Напомена:

Интернет пакетот започнува да важи од истиот момент кога си го активирал!

Cо цел да можеш во целост да го користиш одбраниот пакет, активирај пред самото патување додека сè уште си во државата (бесплатно преку сите канали: ЅМЅ, повик и Визуелен автомат) или пак, додека си во странство (бесплатно преку Визуелниот автомат).

Потоа, пред да се приклучиш на странска мрежа потребно е да ја вклучиш опцијата “data roaming on” и подготвен си за безгрижно сурфање во странство!

 

Зашто Travel & Surf?

Сега за првпат можеш безгрижно да користиш интернет од странство, со новата и единствена понуда на пазарот за сурфање во роаминг - Travel & Surf.

Со Travel & Surf добиваш навистина евтин интернет во странство, и тоа со можност за одбирање на еден од трите пакети Ѕ, М, L во зависност од твоите потреби.

Одбери го твојот Travel & Surf пакет и биди дел од големото интернационално T-Mobile семејство кое сурфа безгрижно низ Европа и САД.

Напомена: Оваа понуда важи за корисниците на T-Mobile Македонија. За Travel & Surf понудите на други оператори важат посебни услови и цени.

Единствено со Travel & Surf имај целосна контрола врз твоите интернет трошоци во странство!

Со цел да те заштитиме од непланирани интернет трошоци додека си во странство, го воведовме следниов систем на автоматско блокирање на твојот пристап до интернет:

  • Нема да ти биде дозволено да пристапиш на интернет доколку сам се приклучиш, или твојот телефон автоматски те префрли на мрежа на друг оператор кој не е дел од Travel & Surf партнерите. Операторите и земјите за кои важи оваа понуда се наведени во делот Travel&Surf пакети и интернет зони;
  • За поголема контрола врз трошоците, ќе добиеш ЅМЅ известување секогаш кога ќе потрошиш 80% и 100% од интернет сообраќајот вклучен во одбраниот пакет;
  • Ќе добиеш ЅМЅ известување и 24 часа пред истекот на времетраењето на пакетот;
  • Доколку го потрошиш интернет сообраќајот од пакетот пред да истече неговата валидност, нема да можеш да пристапиш на интернет во преостанатите денови од важноста на пакетот доколку не активираш нов пакет. Овој механизам е направен со цел да те заштити од неочекувани интернет трошоци по надминување на интернет сообраќајот од пакетот (на пример, доколку го потрошиш сообраќајот 5-от ден, а имаш активирано интернет пакет за 7 дена, во наредните 2 дена нема да можеш да пристапиш на интернет, доколку не активираш некој од интернет пакетите достапни за твојата интернет зона;
  • Можеш да активираш нов пакет само доколку го искористиш целосно сообраќајот од пакетот, или пак, по истекот на валидноста на активираниот интернет пакет (Ѕ пакет важи 3 дена, М пакет важи 7 дена, L пакет важи 10 дена).

Совет:
Со цел паметно да го искористиш секој килобајт интернет сообраќај од твојот пакет, ти препорачуваме после секое користење на интернет на твојот смартфон, истиот да го исклучуваш.

Имај целосна контрола врз твоето сурфање во странство, единствено со Travel & Surf!

iPhone 4S

Земи го новиот iPhone 4S за комплетно интернет доживување

> Дознај повеќе

bottom corners