Вашата сметка на Мојот T-Mobile портал, 24/7
Со новата услуга Електронска сметка добивате online пристап до сите информации за вашата сметка, на Mојот Т-Mobile портал. Електронската сметка ви е достапна во pdf формат во секое време, при што добивате брз пристап за преглед и следење на трошоците од дома или од работа, со можност веднаш online да ја платите.
Со услугата Електронска сметка ги добивате следниве поволности:
- 24/7 часа пристап до сметката,
- електронско следење на трошоците,
- информација за достапноста на е-сметката на вашата електронска пошта,
- заштита на животната средина,
- заштеда на време.
Се што треба да направите за да користите Електронска сметка е да ја активирате услугата, давајќи согласност да ги гледате вашите месечни сметки on-line, на Мојот T-Mobile портал и да ги замените вашите хартиени сметки со електронски.
Услугата можете да ја активирате на еден од следниве начини:
- преку Мојот T-Mobile: https://my.t-mobile.mk,
- со праќање бесплатна SMS порака со содржина “e-smetka START”, на бројот 1461,
- со бесплатен повик на говорните автомати 122 и 1235,
- со потпишување Согласност за електронска сметка во еден од нашите продажни салони.
Со активирање на услугата Е-сметка повеќе нема да добивате сметка во хартиена форма, со што давате личен придонес во заштитата на животната средина. Сметката ви е достапна во секое време на Мојот Т-Мobile портал, во менито Електронска сметка https://my.t-mobile.mk
Активирајте е-сметка и гледајте ја вашата месечна сметка во pdf формат, како што ја добивавте по пошта. Да ја заштитиме заедно животната средина!
Услови за користење Електронска сметка
- Се согласувам месечните сметки за користење на вашите услуги да не ми ги доставувате во печатена форма по пошта. Известен сум дека имам увид во сметките на веб пристапот на Мојот Т-Mobile. Доколку имам потреба од сметка во печатена форма, се согласувам да се обратам во еден од вашите продажни салони.
- Со оваа согласност Т-Мобиле Македонија АД Скопје се обврзува да ја стави сметката на својата интернет страница во делот Мојот Т-Мobile, а претплатникот има обврска да ја провери и да го почитува рокот за плаќање.