1.
Фактури за плаќање
Листа на фактури
|
Не се додадени фактури за плаќање во листата!
|
Бројот на фактурата веќе постои во листата на фактури
Вкупниот износ на фактурите мора да биде во граници од 50 до 60.000,00 денари!
Фактура со ваков број не постои или е претходно платена во целост
Бројот за оптичка потврда не е комплетен. Ве молиме обидете се повторно
Внесената фактура е платена
Услугате е-плаќање не е достапна во моментов. Ве молиме обидете се подоцна.
Максималниот број на фактури е 10, не можете да внесувате повеќе фактури во листата!
Услугата е овозможена само за постпејд приватни корисници.
Минималниот износ на една фактура е 1 денар.
|
Внесете го бројот на фактурата во формат xxxxxxxxxxxxx или xxxxxxxxxxxxx-y
|
| |
|
|
| Внесете е-адреса за конфирмација |
| |
|
|
| Внесете го бројот во формат 3897Xyyyyyy или користете меѓународен формат за броеви во странство. |
| |
|
|
| Бројот внесете го во меѓународен формат: | |
|
МК - Меѓународен код (едноцифрен, двоцифрен или троцифрен број)
НДК - Национален дестинациски код (едноцифрен или двоцифрен број)
Кор бр. - Претплатнички број. Должината на претплатничкиот број изнесува седум или шест цифри.
Пр. 38163123456
|
|
| |
|
|
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете оваа фактура?
Упатство за е-бизнис
T-Mobile ви ја нуди услугата е-бизнис со која преку веб страницата
www.t-mobile.mk се овозможува електронско дополнување припејд кредит и плаќање фактури со платежни картички.
Ваквиот начин на плаќање кој е безбеден и достапен 24/7, ви ги редуцира трошоците, заштедувајќи ви време.
Електронското плаќање фактури е овозможено преку Стопанска Банка АД Скопје, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот, а електронското дополнување е овозможено со истите картички издадени само во Македонија. Исто така, може да се плаќа фактура и да се дополнува припејд сметка и со платежни картички издадени од домашни банки во Македонија кои се користат за електронски плаќања: ТТК Банка, Централна Кооперативна Банка (Силекс Банка), Статер Банка, Стопанска Банка А.Д. Битола и Зираат Банка. Плаќањето се извршува по електронски пат,
во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна
на претплатниците гарантира Банката. Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од
приоритетните задачи на T-Mobile.
Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци
кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.
При вашата посета на веб страницата не вршиме прибирање на лични податоци, освен за оние информации за коишто
тие се задолжителни или, пак, доброволно ги давате. Личните податоци собрани за време на вашата посета на веб
страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата
картичка или со вашата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. T-Mobile ниту ги собира,
ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка. Повеќе за користењето на
вашите податоците од страна на Т-Mobile, прочитајте во документот „Политика за приватност“ (link до документот).
Услугата е-дополнување
се реализира во четири чекори.
Чекор 1 Трансакцијата
започнува на веб страницата на T-Mobile каде што се внесува:
- припејд бројот за дополнување кредит и
- се бира вредноста на ваучерот.
|
Име на ваучер
|
Износ на денари без ДДВ
|
Износ на денари со ДДВ
|
|
Ваучер 100
|
84,75
|
100
|
|
Ваучер 150
|
127,12
|
150
|
|
Ваучер 200
|
169,49
|
200
|
|
Ваучер 250
|
211,86
|
250
|
|
Ваучер 300
|
254,24
|
300
|
|
Ваучер 590
|
500
|
590
|
|
Ваучер 900
|
763
|
900
|
|
Ваучер 2 000
|
1 695
|
2 000
|
За да добиете потврда на уплатата, задолжително е да ја оставите својата
е-адреса. По ваша желба, доколку сакате да добиете SMS известување за успешноста на трансакцијата,
можете да го оставите и својот мобилен телефонски број. По кликнување на копчето „Потврди“, пристапувате кон извршување на плаќањето.
Чекор 2 Во Чекор 2 сте пренасочени на страницата oвозможена од Стопанска Банка каде
што ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, од левата страна ги оставате Вашите лични податоци и податоците за платежната картичка:
- Име и презиме (како корисник на платежната картичка),
- Тип на картичка: VISA, MasterCard или домашна картичка,
- Бројот на картичката,
- Последните 3 цифри од задната страна на картичката, односно CVV2/CVV кодот потребен
за верификација и
- Датумот на истекување на платежната картичка.
Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска Банка, Т-Mobile нема увид во податоците што ги внесувате.
Десно на оваа страница се проследени внесените податоци од Чекор 1:
- Избраниот телефонски број за дополнување припејд кредит,
- Вредноста на ваучерот,
- Вашата е-адреса и
- Вашиот мобилен телефонски број доколку сте го оставиле за добивање SMS известување за успешноста на трансакцијата.
Чекор 3
На оваа страница имате можност да ги потврдите внесените податоци и да продолжите понатаму,
или да се откажете од дополнувањето кредит. Сe уште се наоѓате на страницата на Стопанска Банка.
Чекор 4 По извршувањето на плаќањето, повторно сте пренасочени на
веб страницата на Т-Mobile, каде што Ве информираме за успешноста на трансакцијата.
На Вашата е-адреса ќе добиете потврда за трансакцијата, а на Вашиот мобилен број доколку сте го
оставиле - информација за успешноста на трансакцијата. Истовремено, и бројот на кој е дополнет
кредитот ќе добие информација по SMS за вредноста на внесениот ваучер и за бројот од кој е извршено дополнувањето.
Услугата е-плаќање
претставува електронско плаќање на месечните сметки за постпејд приватните корисници
на Т-Mobile и се реализира во четири чекори.
Чекор 1
Трансакцијата започнува на веб страницата на T-Mobile каде што се внесува бројот
на фактурата и oптичката потврда која е неопходна за да се избегне автоматизирана
злоупотреба на функционалноста.
Веднаш потоа, со притискање на копчето "Верификација" автоматски се прикажува износот
на фактурата која преку копчето „Додади во листа“ се внесува во Листата на фактури.
Услугата овозможува едновремено плаќање на повеќе фактури, преку повторување на
истите постапки. Доколку во листата имате повеќе од една фактура, износот во денари
ќе биде сумиран и при понатамошните постапки ќе биде платен од Вашата платежна картичка.
За да добиете потврда за уплатата, задолжително е да ја оставите својата е-адреса.
По ваша желба, доколку сакате да добиете SMS известување за успешноста на трансакцијата,
можете да го оставите и својот мобилен телефонски број. По притискање на копчето
"Потврди", пристапувате кон извршување на плаќањето.
Чекор 2
Во Чекор 2 сте пренасочени на страницата овозможена од Стопанска Банка, каде што
ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, од левата страна ги оставате Вашите лични
податоци и податоците за платежната картичка:
- Име и презиме (како корисник на платежната картичка),
- Тип на картичка: VISA, MasterCard или домашна картичка,
- Бројот на картичката,
- Последните 3 цифри од задната страна на картичката, односно CVV2/CVV кодот потребен
за верификација и
- Датумот на истекување на платежната картичка.
Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска Банка, Т-Mobile нема увид
во податоците што ги внесувате.
Десно на оваа страница се проследени внесените податоци од Чекор 1:
- Бројот на фактурата за плаќање,
- Износот за плаќање во денари,
- Вашата е-адреса и
- Вашиот мобилен телефонски број доколку сте го оставиле за добивање SMS известување
за успешноста на трансакцијата.
Чекор 3 На оваа страница имате можност да ги потврдите
внесените податоци и да продолжите понатаму, или да се откажете од електронското
плаќање фактури. Сè уште се наоѓате на страницата на Стопанска Банка.
Чекор 4 По извршувањето на плаќањето, повторно сте пренасочени на веб
страницата на Т-Mobile, каде што Ве информираме за успешноста на трансакцијата.
На Вашата е-адреса ќе добиете потврда за трансакцијата, а на Вашиот мобилен број,
доколку сте го оставиле - информација за успешноста на трансакцијата.